Пленковиќ упати сочувство до Црна Гора и САД

Пленковиќ упати сочувство до Црна Гора и САД

пред 1 недела

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, во име на владата и од негово име изрази сочувство до Црна Гора и САД во врска со трагедиите во кои загинаа неколку лица.

Пленковиќ рече дека во име на владата и во свое име упатил сочувство до претседателот Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ, народот на Црна Гора и до семејствата на жртвите.

Пленковиќ рече дека испратил сочувство и во име на владата и лично до САД за нападот со возило во Њу Орлеанс, каде што загинаа најмалку 15 лица.

Текстот Пленковиќ упати сочувство до Црна Гора и САД е превземен од МАКФАКС.