Пукање на аеродромот во Чикаго: маж добил прострелни рани

Пукање на аеродромот во Чикаго: маж добил прострелни рани

пред 1 година

25-годишен маж е застрелан утрово пред терминалот на меѓународниот аеродром во американскиот град Чикаго по расправија меѓу неколку лица, соопшти полицијата.

Тој добил две прострелни рани во долниот дел од телото, се наведува во соопштението на полицијата во Чикаго.

Како што е наведено, тој е префрлен во болница и е во стабилна состојба, пренесува АП.

Пукањето се случило на улицата надвор од терминалот 2, а извештајот на локалната телевизија покажал скршен прозорец во близина на просторот за земање багаж.

Според агенцијата, авиокомпаниите што го користат терминалот 2 ги вклучуваат JetBlue, Air Canada и Alaska Airlines.

Текстот Пукање на аеродромот во Чикаго: маж добил прострелни рани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top