Аеродромот Хитроу цел ден ќе биде затворен поради прекин на струја предизвикан од пожар на трафостаница

Аеродромот Хитроу цел ден ќе биде затворен поради прекин на струја предизвикан од пожар на трафостаница

пред 1 година

Лондонскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен до полноќ по прекин на електричната енергија предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува, соопшти управата на аеродромот.

„За да ја заштитиме безбедноста на нашите патници и колеги, немаме друг избор освен да го затвориме Хитроу до 23:59 часот на 21 март 2025 година“, рече портпаролот, според Би-Би-Си.

Во соопштението се советуваат патниците да не доаѓаат на аеродромот и да ги контактираат своите авиокомпании за дополнителни информации.

Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се борат со пожарот во трафостаница во Хејс, кој е дел од Лондон.

Помошникот началник, Пат Голбурн рече: „Ова е многу значаен инцидент и нашите пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побрзо“.

Текстот Аеродромот Хитроу цел ден ќе биде затворен поради прекин на струја предизвикан од пожар на трафостаница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top