(Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата

(Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата

пред 11 месеци

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска попладне беше затворен за сообраќај поради инцидент со приватен авион кој се излизгал од пистата, пишува Индекс.

Инцидентот се случил околу 15:21 часот, при слетување на приватен авион од типот Cessna 525.

Леталото проклизнало и завршило на тревната површина покрај пистата.

Според информации од авиокомпанијата, авионот бил празен и во инцидентот нема повредени.

Во моментот се преземаат мерки за отстранување на леталото од пистата, а аеродромот останува затворен до понатамошно известување.

Од Аеродромот „Фрањо Туѓман“ се извинија на патниците за доцнењата на пристигнувачките и поаѓачките летови и најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана кога сообраќајот повторно ќе биде воспоставен.

Текстот (Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top