(Видео) Навални стравува дека повторно ќе биде отруен, бројно германско обезбедување му го чува грбот

(Видео) Навални стравува дека повторно ќе биде отруен, бројно германско обезбедување му го чува грбот

пред 4 години

Бројно германско обезбедување го следи рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални во Берлин. Русинот се плаши од ново турење, а една од неговите прошетки беше прикажана на видео снимка во неделната програма „60 минути“, која ја објави американската телевизија „Си-би-ес“.

Телевизијата ја објави снимката на која Навални ја држи за рака сопругата Јулија, додека шетаат покрај Бранденбуршката капија во Берлин. Исто така може да се види дека тој е во придружба на дописничката на телевизијата Лесли Стол и тројца мажи, облечени во цивилна облека.

На одредена оддалеченост Навални го следат девет лица во полициски униформи. Лесли Стол во снимката објаснува дека Навални го чуваат германсите власти од страв дека може повторно да биде отруен.

„Голем број полицајци секаде го следат“, изјавила таа во интервјуто.

Навални за време на прошетката разговара со допосничката, која носи маска, додека Навални и неговата сопруга не носат.

„Треба да се бориме против тие луѓе, затоа што тие никогаш нема да престанат. Можно е да отрујат и некој друг“, изјавил Навални, по тврдењето дека бил отруен, наводно од руската влада.

За потсетување, германската влада на 2. септември, повикувајќи се на лабораторијата „Бундесвер“, соопштила дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со супстанца од групата на хемиски воени отрови „новичок“.

Од Русија се бара да ја спроведат истрагата, а официјална Москва инсистира на тоа, Берлин да ја достави информацијата во врска со Навални.

Share
Scroll to Top