Робињо: Жалам што ја изневерив жена ми, ама не сум силувач!

Робињо: Жалам што ја изневерив жена ми, ама не сум силувач!

пред 4 години

Своевремено еден од бразилските фудбалски „бисери“, Робињо (36) повторно е без клуб откако Сантос му го прекина договорот само 6 дена по потписот. Причината за тоа е што Бразилецот е осомничен за силување во Италија, а бразилскиот клуб поради тоа е мета на навивачите и клупските спонзори.

Робињо го негира инцидентот во ноќен клуб во Милано (во 2013 година) со тогаш 22-годишната Албанка.
„Девојката ми пристапи и имавме контакт. Беше тоа контакт со прифаќање од двете страни, а подоцна јас си отидов дома“ изјави за бразилски „UOL”.

Фудбалерот тврди дека неколку негови пријатели останале со девојката по неговото заминување и имале сексуален однос со неа, без присилба. Клучни докази во процесот против Робињо се прислушкувани телефонски разговори меѓу него и пријателите во кои фудбалскиот ас вели дека девојката била „потполно пијана“.

Адвокатите на екс-играчот на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан тврдат дека неговите зборови не се добро преведени на италијански, а самиот Робињо вели дека девојката воопшто не била пијана.

„Кога ми пријде, таа воопшто не беше пијана затоа што ми го запамети името и знаеше кој сум. Пијана личност на ништо не се сеќава, а таа се сеќава на се“ рече Робињо.

Тој единстваено за што жали е што ја изневерил сопругата Вивијан со која е во брак од 2009 година и со која има 3 деца.

„Единствено што жалам е што ја изневерив сопругата, сето остнато е извадено од контекст и `надувано` за да се продаваат вестите. Мојата грешка е што не и бев верен на жената, но никого не сум присилил на секс“ вели Робињо.
Бразилецот и во 2009 година, додека настапуваше за Манчестер Сити беше осомничен за силување.

View this post on Instagram

Feliz natal ?? ?#amor#familia

A post shared by Robinho (@robinho) on

View this post on Instagram

❤️????

A post shared by Robinho (@robinho) on

Share
Scroll to Top