Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, по спектакуларниот натпревар со Борнмут (4:4), реши да ја „отвори душата“, пред новинарите и да го навести заминувањето од клубот. .
Португалецот беше играч на натпреварот по којзнае кој пат, но тоа не беше доволно за Јунајтед да победи.
„Клубот сакаше да си заминам ова лето и така се чувствував. И им го кажав тоа на директорите, но не мислам дека имаа храброст да ја донесат таа одлука. Решив да останам од семејни причини, но и затоа што ми е грижа за клубот. Разговорите со тренерот ме убедија дека треба да останам. Но, од страна на клубот, чувствував дека тие мислат „ако си замине, тоа нема да биде толку лошо за нас“. И тоа многу ме повреди, но и ме растажи, бидејќи сум играч кој не заслужува критики. Секогаш сум достапен, играм добро или лошо, но секогаш давам се од себе на теренот. А ја гледате целата ситуација, играчи кои не ја ценат доволно големината на клубот и не ги бранат неговите бои колку што треба“, рече Бруно Фернандес.
Не заврши тука, бидејќи тој одговори и шпекулациите за трансфер во Ал Хилал, кој понуди огромни пари за неговиот потпис.
„Претседателот на Ал Хилал ми се јави лично. Рубен Невеш ми испрати пораки дека сака директно да разговара со мене. Тие сакаа да играм на Светското првенство за клубови за Ал Хилал. Тоа беше „љубов“ што започна од периодот кога Жорж Жезус беше на клупата, во 2023 година. Тоа беше првиот пат кога ме повика“, откри Бруно и продолжи:
„Не можам да се жалам, платен сум многу добро, но разликата е очигледно огромна. Сепак, тоа никогаш не ми било важно. Ако еден ден морам да играм во Саудиска Арабија, тогаш ќе играм таму. Мојот начин на живот ќе се промени, моите деца ќе имаат сончеви денови, по шест години во Манчестер со дожд и студ. Ќе играм во лига која расте со познати играчи. Можев веќе да заминам, како многу играчи и да кажам „Сакам да заминам, не сакам да тренирам, сакам да имам 20 или 30 милиони евра“, за да добијам уште повеќе пари. Но, никогаш не го направив тоа. Не чувствував дека сум во позиција да го направам тоа. Секогаш чувствував емпатија и наклонетост кон клуб“, рече Бруно.
Капитенот на Јунајтед сигурно ќе биде главна тема на медиумите по неговото признание и очигледнаото навестување за напуштање на клубот следното лето.
Foto/ depositphotos






