Пита со тиква со готови кори

Пита со тиква со готови кори

пред 4 години

Потребни состојки:

500 гр кори за пита
1 кг рендана тиква
4 јајца
200 гр шеќер
200мл масло
150мл млеко
1/2 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
рендана кора од лимон
1 кесичка цимет
4 лажици брашно

Начин на подготовка:

Тиквата излупете ја, исчистете ја од семките и исечкајте ја на помали парчиња, па изрендајте ја. Измешајте ја со 100 гр шеќер и цимет и оставете да стои за да пушто вода. Во меѓувреме, изматете ги јајцата со шеќер и ванила. Во друг сад измешајте брашно, млеко, масло, прашок за печиво и изрендана кора од лимон, па спојте го двете смеси.

Раширете една кора, премачкајте ја со три лажици намаз, врз неа ставете друга кора, повторно ставете намаз па третата кора и врз неа наредете рендана тиква, свиткајте лесно и наредете на намастена тепсија. Избоцкајте ги корите со чепкалка па оставете да отстојат половина час. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25-30 минути. Посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.

Share
Scroll to Top