Фудбалската репрезентацијата на Македонија напредуваше една позиција на листата на ФИФА. Македонија, овој месец го победи Косово во полу-финалниот бараж за пласман на ЕП и ремизираше со Естонија и Грузија во Лигата на нации.
На најновата ранг-листа на ФИФА, Македонија се наоѓа на 65 место. Блиску до Македонија се две репрезентации од поранешна Југославија, Црне Гора (64) и Словенија (62).
Македонија е 21 позиција подобро пласирана од Грузија, репрезентација со која на 12 ноември ќе го одигра клучниот натпревар за пласман на ЕП.
Останатите наши противници во Лигата на нации, Еремнија и Естонија се наоѓаат на 101 и 109 место.
На врвот на листата нема промени, на првото место е Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.
фото/ffm.mk