Сакраменто донесоа искусен центар

Сакраменто донесоа искусен центар

пред 3 години

Сакраменто Кингс повлекоа интересен потег, го ангажираа ветеранот Хасан Вајтсајд. Поранешниот играч на Мајами и Портланд, со Конгс потпишал едногодишен договор. Во престолнината на Калифорнија, Вајтсјад, ќе игра за ветерански минималец, односно ќе инкасира 2.000.000 долари.

Вајтсајд е поранешен студент на универзитетот Маршал. Тој во 2012 година е избран на драфтот токму од Сакраменто, каде не успеа да се наметне, поради што една година од кариерата мина во Либан.

Подемот во НБА ја започна во 2014 година кога потпиша договор со Мајами.

Share
Scroll to Top