Покрај барби куклата со фустан од „Версаче“, Клаудија доби уште една персонализирана Барби, со фустан од компанијата „Балман“ кој го носеше во 2016 година.
„Клаудија со децении беше инспирација за милиони луѓе. Таа ги поттикнуваше со својата самоувереност, стил и убавина. Кога го видов тој фустан, знаев дка ќе биде во тој најубава. Тоа беше еден од најгордите моменти во мојот живот. „Балман“ кампањата која се снимаше, за мене остави еден од најомилените спомени. И тоа како сум возбуден што можам да го видам истиот фустан на уште една модна икона, која претставува инспирација“, изјавил креативниот директор на „Балман“, Оливер Рустенг.