(ВИДЕО) Проданоски: Градиме современа Индустриска зона за идниот економски раст на Прилеп

(ВИДЕО) Проданоски: Градиме современа Индустриска зона за идниот економски раст на Прилеп

пред 5 часа

Прилеп добива нова инфраструктурна инвестиција која треба да придонесе за економскиот развој на градот и привлекување нови инвеститори. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека се наоѓа во завршна фаза изградбата на новата сервисна улица во индустриската зона кај „Жито Прилеп“.

Станува збор за сервисна улица во должина од 392 метри, која е дел од напорите на локалната самоуправа за подобрување на условите за работа и развој на стопанството.

Проектот предвидува изградба на улица со вкупна ширина од 10 метри, коловоз широк седум метри со две сообраќајни ленти, како и тротоари од двете страни за побезбедно движење на пешаците. Во рамки на инвестицијата се реализираат и фекална и атмосферска канализација, водоводен систем и современо улично осветлување.

Според Проданоски, со изградбата на оваа инфраструктура се создаваат предуслови за отворање нови производствени капацитети и нови работни места за граѓаните на Прилеп.

„Ова е уште една значајна инвестиција со која ја подобруваме инфраструктурата и ја зајакнуваме локалната економија. Ги повикувам домашните и странските инвеститори да ја препознаат Општина Прилеп како сигурен и сериозен партнер за реализација на нивните бизнис идеи“, истакна Проданоски.

Тој додаде дека Општина Прилеп и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот и економскиот развој на градот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Share
Scroll to Top