Братот на Дијана: Чарлс по нејзината смрт рече „Наскоро ќе ја заборавиме“

Братот на Дијана: Чарлс по нејзината смрт рече „Наскоро ќе ја заборавиме“

пред 6 часа

Братот на покојната британска принцеза Дијана, Чарлс Спенсер, открил во своите мемоари дека кралот Чарлс III, само неколку дена по нејзината смрт, рекол: „Наскоро ќе ја заборавиме“, објави денес Би-Би-Си.

Во извадок од своите мемоари, објавен од „Дејли Меил“, Спенсер тврди и дека принцот од Велс во тоа време излеал поплава од гнев врз него откако тој инсистирал дека Дијана сигурно не би сакала принцовите Вилијам и Хари, кои тогаш имале 15 и 12 години, да учествуваат во поворката за време на нејзиниот погреб.

Ерлот Спенсер наведува дека еден од високите службеници на Бакингемската палата го информирал дека младите принцови ќе одат покрај ковчегот на принцезата Дијана, на што тој се спротивставил.

Тој тврди дека Чарлс го повикал набргу потоа.

„Чарлс преку телефон го искажа она што отсекогаш го мислев дека е неговиот потиснат презир кон Дијана, како и неговото разочарување од фактот дека светот беше толку потресен од нејзината смрт. „Бидете сигурни“, прошепоти тој, „наскоро ќе ја заборавиме“, напиша братот на Дијана, според медиумот.

Бакингемската палата цврсто ги отфрли овие тврдења.

„Иако не коментираме книги од принципиелна гледна точка, Неговото Височество е свесен дека болката од губењето на сестра може да го замагли умот, да влијае на расудувањето и да ги обои сеќавањата на начин што не е очигледен за другите, дури и многу години по таквата загуба“, рече портпаролот на палатата, според Танјуг. Книгата „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“ треба да биде објавена следната недела и се очекува да содржи остри критики кон кралското семејство.

Текстот Братот на Дијана: Чарлс по нејзината смрт рече „Наскоро ќе ја заборавиме“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top