ЕУ и Канада ја зајакнуваат соработката во областа на суровините и енергијата

ЕУ и Канада ја зајакнуваат соработката во областа на суровините и енергијата

пред 4 часа

Европската Унија и Канада постигнаа договор за зајакнување на трговската соработка во областа на суровините и енергијата, со посебен акцент на критичните минерали од Канада, објави „Политико“.

Преговорите, кои се одржале во Монтреал, завршиле успешно, а договорот треба да овозможи поголеми европски инвестиции во канадските природни ресурси, кои се клучни за енергетската транзиција. Инвестициите ќе се насочуваат преку Европската инвестициска банка.

Договорот предвидува и изработка на долгорочна студија за можностите за извоз на канадски течен природен гас (ЛНГ) во Европа. Канада располага со значителни резерви на гас, но нема доволно инфраструктура за негово втечнување и транспорт од источниот брег.

Во заедничката изјава, ЕУ и Канада најавија забрзување на соработката во проекти поврзани со ископување, преработка, рафинирање, производство и рециклирање критични суровини, како и можни заеднички проекти во трети земји.

Двете страни најавија и продлабочување на соработката во безбедноста, трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и финансиските услуги.

Текстот ЕУ и Канада ја зајакнуваат соработката во областа на суровините и енергијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top