Британските власти денес објавија дека ќе ѝ обезбедат на Украина повеќе од 1.000 дополнителни ракети за воздушна одбрана со краток дострел, како и ракетни лансери, за да помогнат во одбраната од руските воздушни напади оваа зима, објави британската агенција Ројтерс.
Овие ракети се дел од пакет вреден 240 милиони фунти (317 милиони долари), објавен денес, кој беше одвоен од сумата од 500 милиони фунти наменети за Украина, а предвиден во буџетот презентиран минатиот месец.
Властите велат дека овие системи се покажале ефикасни против иранските беспилотни летала од типот „Шахед“ напојувани со млазни мотори, кои Русија ги користи за напад на Украина.
Пакетот за поддршка, исто така, вклучува повеќе од десет радари за воздушна одбрана.
Испораките ќе започнат од средината на декември, надополнувајќи ги 400-те ракети земја-воздух што Велика Британија веќе ги испорача на Украина пред оваа зима.
Текстот Велика Британија ќе испорача повеќе од 1.000 ракети со краток дострел на Украина е превземен од МАКФАКС.





