Бочварски: Привршува изградбата на обиколницата во Штип, експресниот пат до Радовиш готов до април 2022 година

пред 4 месеци

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изјави дека привршува изградбата на обиколницата во Штип и најави дека експресниот пат до Радовиш ќе биде готов до април 2022 година.

Тој изврши увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш.

„Вкупната инвестиција е 15 милиони евра, а должината на оваа втора фаза изнесува 17 километри. Прогресот на градежите работи е 65 проценти и според договорот, експресниот пат комплетно ќе биде завршен април 2022 година“, рече министерот.

Тој потенцираше дека обиколницата околу Штип ќе биде готова за 30-тина дена, со што сообраќајот низ градските улици низ Штип ќе се растерети.

„Покрај завршувањето на обиколница Штип, завршена е и клучката од Бучим до Радовиш и на почетокот на месец октомври и оваа делница ќе се стави во функција. Со изградбата на овој патен правец даваме пример како се гради одговорно, како се гради навремено и модерно според сите европски стандарди. Со инвестициите што ги реализираме во овој регион даваме поттик на преку 12 илјади мали и средни фирми и обезбедуваме просперитет на преку 170 илјади граѓани“, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека вкупната должина на експресниот пат Штип – Радовиш е 40.4 километри, од кои 23 километри веќе се пуштени во употреба.

„Оваа втора фаза од изградбата на експресниот пат е во должина од 17 километри и поделена на две секции. Првата секција ја опфаќа делницата од Три Чешми до Штип Југ, а втората од клучката Бучим до Радовиш. На оваа делница вкупно се изведени 16 објекти за премостување и 3 клучки. Очекуваме работните активности да завршат пролетта 2022 година“, рече Рустеми.

На новинарско прашање, во однос на законот за легализација, министерот Бочварски истакна дека предлог Законот е доставен до Владата и на следната владина седница ќе биде разгледуван.

Share

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

dubbed anime GoGoAnime WONDER EGG PRIORITY

anime stream GoGoAnime Naruto: Shippuden (Dub)

Naruto: Shippuden (Dub) Episode 498

anime to watch Dragon Ball Super

GoGoAnime My Hero Academia

Scroll to Top