Швајцарците на референдум ги отфрлија мерките што требаше да ги заострат казните против компаниите што ги кршат човековите права или ѝ нанесуваат штета на животната средина.
На референдуот се гласало и за забрана за финансирање на оружје за извоз, но и таа мерка била одбиена.
Според анкетите, излезноста на референдумот била 46%, пренесува „Еуроњуз“.
Самата швајцарска влада беше против иницијативата наречена „Одговорни компании – за заштита на луѓето и животната средина“, за која се залагаа граѓанските организации меѓу кои и „Амнести Интернешнл“ и „Гринпис“.
Федералната влада тврди дека оваа мерка ќе ја ослабне економската конкурентност на Швајцарија.