Новиот херој во видеото на Халкбанк е Александра Блажевска, наставничката по хемија и природни науки во ООУ „Јан Амос Коменски“. Таа од сѐ срце ја раскажува приказната за светлоста во нејзината професија – едукација на малите љубопитни научници. Преку невообичаени експерименти на своите предавања, Александра активно вложува во едукацијата и љубовта на децата кон природните науки. Со нескриена љубов и со воодушевување кон детската љубопитност, таа вели: „Влогот во образованието е влог во иднината на човештвото“.
Погледнете го видеото за наставничката што секојдневно ги воодушевува малите брилијантни умови, чија љубопитност ќе ја направи сечија иднина блескаво светла!
Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.
Погледнете ги видеата од видеосеријалот на следниот линк.
(ПР текст)