ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е, заради СДСМ, литар дизел од утре ќе се продава за 107.5 денари

пред 2 години

Заради СДСМ литар дизел од утре ќе се продава за 107.5 денари, поскап за 3 денари од денес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Цените на горивата се високи, додаваат од оваа партија, затоа што СДСМ ниту во време ма криза не сака да се откаже од 50% од акцизата, која патем е зголемена од нив.

„Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата, горивата ќе беа поевтини и за 25 денари. СДСМ не сака да се откаже од 50% од акцизата за да има повеќе во буџетот кој го крадат. Зголемената цена на горивата се голем удар за граѓаните и економијата. Тие влијаат на поголеми цени на сите производи во малопродажба и на транспортот воопшто. Од друга страна државата не губи голем приход, бидејќи истото е рамно на 50 милиони евра приход во буџетот, пари кои може да се заштедат со кратење од непродуктивни трошоци“, се истакнува во писмената реакција од оваа партија.

Но СДСМ, како што потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, не се откажува затоа што тие сакаат што повеќе пари во буџетот, за што повеќе пари за матни тендери. „Премногу е, протест за промени на 18 јуни, во 20 часот пред влада“, стои во соопштението од партијата на Мицкоски.

Share
Scroll to Top