Доделени 120,6 милиони денари за капитални проекти во општините

пред 4 години

На денешната седница Владата донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година со која се одобруваат средства во износ од 144.260.500,00 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги како мерка од Програмата за справување со Ковид–19 кризата како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата членки на АДКОМ – Здружението на даватели на комунални услуги.

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во износ од 74.500.000,00 денари.

Овие средства се распределуваат за реализација на следните капитални проекти: Реконструкција на Булевар Благоја Тоска, општина Тетово – 29.500.000,00 денари; Изградба на кружни текови на Булевар Теодосие Паунов, општина Кочани – 6.000.000,00 денари; Реконструкција на улица Илинска, општина Центар Жупа – 4.000.000,00 денари; Изградба на конзоли за пешаци, општина Штип – 9.000.000,00 денари; Изградба на кружен тек Момин Поток, Град Скопје – 5.000.000,00 денари; Почеток на мост, Карпош 4, до улица Скупи, Град Скопје – 4.000.000,00 денари; Реконструкција на пат Чалакли Татарник, општина Валандово – 4.000.000,00 денари; Реконструкција на улица Први Мај, општина Прилеп – 6.000.000,00 денари; и реставрација на мост во с. Уланци, општина Градско – 1.000.000,00 денари.

Владата донесе одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на следните проекти: Изградба на водоснабдителен систем во Мала Речица, општина Тетово – 6.170.000,00; Изградба на канализација за Бурови Варим Бојанов Дол, општина Крива Паланка – 6.000.000,00 денари; Препораки од УНЕСКО за градби во Охрид – 6.000.000,00 денари; Изградба на канализациона мрежа во Фурка, општина Дојран – 5.000.000,00 денари; Изградба на канализација во општина Демир Капија – 2.000.000,00 денари; и за изградба на канализација во општина Сарај – 10.000.000,00 денари.

Share
Scroll to Top