Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела имаше намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто. Бензините поевтинија за половина денар за литар, додека цената на дизелот остана иста.
Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 61 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) останаа 50,5 денари за литар.