Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе поминат неколку години пред Западот да престане да користи руска нафта и гас, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на состанокот на лидерите и младите претприемачи во четвртокот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во првите 100 дена од војната во Украина, Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива. Најголем дел од фосилните горива биле испратени во Европската унија, а просечната извозна цена била за околу 60% повисока од минатата година, покажа новото истражување.
Имено, според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот во Финска, дури 61% од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија за околу 57 милијарди евра.
„Во однос на отфрлањето на нашите енергетски ресурси – тоа е малку веројатно во следните неколку години“, рече Путин, пренесува Интерфакс.
Коментарите на Путин дојдоа во услови на високи приходи за извозот на нафта и гас на Русија оваа година. Цените на нафтата пораснаа за околу 50% оваа година и се тргуваат на највисоки нивоа во последните 13 години, поради оскудните залихи што и претходеа на војната, со силно закрепнување на побарувачката како што се олесни пандемијата на коронавирус.
Војната во Украина придонесува за загриженоста за снабдувањето, бидејќи Русија е главен производител на енергија под тешки санкции, пренесе Блиц.