Арсовска со признанија и награди за наставниците за проект за меѓуетничка интеграција во средното образование

пред 2 години

Шеесет и двајца наставници од осум градски средни училишта денеска добија признанија и награди од Градот Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку редовна реализација на заеднички наставни часови со ученици кои учат на различни наставни јазици. Признанијата и наградите на просветните работници им ги додели градоначалничката Данела Арсовска.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

-Во средните училишта на Град Скопје „Арсени Јовков“, „Здраво Цветковски“, „Браќа Миладиновци“, „Боро Петрушевски“, „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Владо Тасевски“ и „Д-р Панче Караѓозов“ во текот на учебната 2021/22 година беа реализирани вкупно 1.308 заеднички часови со кои беа опфатени 54 паралелки кои наставата ја следеа на македонски, албански и на турски наставен јазик. Одржувањето заеднички часови придонесува за подобрување на меѓуетничката кохезија меѓу младите, преку подобро запознавање едни со други и градење граѓански и демократски вредности. Тоа е она кон кое се стремиме како општество и на кое треба да работиме за на нашите деца да им обезбедиме сигурна и безбедна иднина, во заедништво – рече градоначалничката Арсовска на денешното доделување на признанијата и наградите.

Во рамки на Програмата за активности на Град Скопје од областа на средното образование за 2022 година и со Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост се предвидува поддршка на училиштата за реализација на активности за меѓуетничка интеграција.
Овој проект е дел од националниот проект на УСАИД за унапредување на меѓуетничката интеграција на младите во образованието, а беше поддржан и од Македонскиот центар за граѓанско образование и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Share
Scroll to Top