Брзите тестови од денеска бесплатни за граѓаните

пред 4 години

Брзите тестови во Здравствен дом од денеска се бесплатни за граѓаните, информираат од Министерството за здравство.

Оваа установа, минатата недела набави 4 илјади брзи тестови, а цената изнесуваше 1000 денари.

По добиената донација од 13 илјади тестови, ЗД договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани од Министерството за здравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Лицата кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени.

Share
Scroll to Top