Васев: Мицкоски да каже дали тој, Николовски или Ѓорчев се сретнале со Мијалков во „Мериот“

пред 4 години

Во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во хотелот Мериот, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Тој го повика Мицкоски да одговори дали во Мериот се остварувале средби со осудениот Сашо Мијалков.

„Зошто од толку хотели во земјава, во главниот град, се организираат партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и УМС токму во Мериот нека ценат граѓаните. Можеби поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ? Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност“, рече Васев.

Тој нагласи дека правдата и силната реакција на институциите го спречиле сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков. Повтори дека правдата е тука, а законите важат за сите подеднакво.

Share
Scroll to Top