(Видео) Каевски: Државноста е изградена на антифашистичката борба, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја ретушира историјата

пред 2 години

„Нашата земја, Република Северна Македонија е изградена на темелите на антифашистичката борба и таа е дел од нашиот идентитет со којшто се гордееме. Денес ние сме суверена, независна држава со исполнета стратешка цел членство во НАТО и исполнети критериуми за членство во Европската унија. Разговорите со Бугарија мора да се водат достоинствено и во духот на европските вредности. За жал со последната посета на делегацијата од Република Бугарија се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата. Оттука, разбирлив е гневот на граѓаните во последните денови” , изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Според Каевски не е разбирливо лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Токму оваа партија за време на 11 годишниот режим поставуваше восочни фигури и се обидуваше да го рехабилитира ликот и делото на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ. Затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува.

Ги продолжуваме реформите во сите области со кои ќе ја подготвиме државата за полноправно членство во Унијата, но истовремено во преговорите со Бугарија, целосно ќе ги заштитиме националните и државните интереси согласно нашите црвени линии, изјави Каевски.

Share
Scroll to Top