ЕБОР и ЕУ ја поттикнуваат конкурентноста на малите бизниси во државата

пред 4 години

ЕБОР обезбедува кредит од 2,5 милиони евра за натамошно кредитирање на локалните бизниси, за инвестиции во надградба на производните капацитети и усогласување со Директивите на ЕУ во областа на заштита на животната средина, безбедноста на работниците, и квалитет и безбедност на производите.

Техничката помош и грантовите се финансирани преку ЕУ Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата.

Зголемувањето на конкурентноста ќе ги подобри можностите на компаниите на локалните пазари, и на меѓународно ниво, велат надлежните.

„Оваа програма им нуди на локалните МСП поддршка во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравство и безбедност, и квалитет на производот. Новото финансирање значително ќе го олесни пристапот до потребното финансирање на малите бизниси, кои се клуч за економско заздравување во овие времиња на предизвици, правејќи ги бизнисите поконкурентни и отпорни, овозможувајќи им подобро интегрирање во регионалните и европските ланци на вредности“, изјави Анди Аранитаси, преставник за ЕБОР за Северна Македонија.

Европската Унија ќе продолжи да обезбедува поддршка на овој сектор во Северна Македонија, преку Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата, со цел да помогне во забрзувањето на економското обновување, подготовката за зелена и дигитална транзиција, и целосно учество на МСП на единствениот пазар на ЕУ по пристапување во него. Особено сакаме да ги охрабриме партнерите од Западен Балкан, да ги искористат можностите на заедничкиот регионален пазар, и да работат кон овие цели“, изјави претставникот на ЕУ делегацијата во државата, амбасадорот Дејвид Гир.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра во преку 140 проекти во земјата.

Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Share
Scroll to Top