Започнува 62-то „Охридско лето“

пред 4 недели

Шеесет и второто издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено вечерва на Античкиот театар во 21 часот со четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. Италијанските уметници ќе настапат под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Охридско лето“ за отворено ќе го прогласи претседателот Стево Пендаровски, кој е и покровител на фестивалот, а ќе се обрати и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Честа да ја пренесе уметничката порака годинава ја има композиторот и музички уметник Горан Начевски. По традиција, свеченото отворање ќе биде проследено со интонирање на фестивалската химна, палење на фестивалскиот оган и богат огномет над охридското небо.

На годинешното 62-ро издание љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. Од денеска до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Предворје на црквата Света Софија, како и во самата Црква Света Софија и во Центарот за култура, ќе настапат над 1000 уметници од 25 земји ширум светот.

Најреномираната манифестација со интернационален предзнак „Охридско лето“ која е дел од Европската асоцијација на фестивали, се гради и надградува под покровителство на претседателот, со финансиска поддршка од Владата и ресорното Министерство за култура, и со помош и поддршка од Општина Охрид, генералниот спонзор Македонски телеком, како и од бројни спонзори и помагатели, информира организаторот.

Share

sunwin

sunwin web sunwin tài xỉu tải sunwin apk

sunwin tài xỉu

tải sunwin

sun win

Scroll to Top