Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле казнети 263 возачи. Од нив, 22 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 101 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР, од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.