Ковачев до Пендаровски за браќата Миладиновци: Треба да е последна објава македонски функционер да пишува на ваков начин

пред 4 недели

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии од посетата на спомен-куќата на Димитар и Константин Миладинови, во Струга.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга. Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас“, напиша Пендаровски.

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Ковачев, ја сподели објавата и напиша дека ова треба да биде последна објава која било кој преставник на Македонија ја пишува на ваков начин.

„Ова треба да биде последната објава што Стево Пендаровски, како и секој друг официјален претставник на Северна Македонија, го пишува на овој начин. Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главниот, хоризонтален критериум за напредок на Скопје на пат кон преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја.

Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана – бугарски, а самите себеси за Бугари.

На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, на кои пена им излезе од устата со спомнувањето на „Бугарите““, вели Ковачев.

Share

sunwin

sunwin club sunwin apk tải sunwin apk

sunwin

game bài sunwin sunwin club tải sunwin

tải sunwin

Scroll to Top