Македонија ќе биде домаќин на голема НАТО конференција

пред 3 години

Годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, која важи за најголем настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, оваа година ќе се одржи во Македонија.

Како што информира Министерството за одбрана, на конференцијата во Скопје наесен ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји.

Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за актуелните и идните предизвици во областа на стратешките комуникации.

„Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации. За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО-системот за обука во доменот на стратешките комуникации“, соопштија од ресорното министерство.

Share
Scroll to Top