Девет мигранти од Замбија се пронајдени во штипското село Чардаклија.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници пронашле девет мигранти од Замбија, кои по наредба на јавен обвинител, биле спроведени до прифатниот центар ,,Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
Во врска со настанот било приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на случајот.