Од коронавирус заболени 18 деца и 120 вработени во градинките

пред 10 месеци

Во градинките низ државата има регистрирани 18 деца позитини на коронавирусот и 120 вработени од кои 51 негувател, 51 воспитувач, а останатите се вработени како помошен персонал во детските установи, информираше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, повикувајќи се на неделниот извештај од здравствените власти.

Министерката рече дека состојбата будно се следи во градинките и повика на почитување на протоколите затоа што според неа заразата не се шири меѓу децата туку доаѓа од надвор.

„Ја следиме епидемилошката состојба во градинките со новозаболени дечиња и вработени и ова се бројките кои ги добивме од последниот извештај во петокот. За сега имаме над 1.200 деца кои се во изолација како превентивна мерка поради контакт со заболено лице. Сепак ќе кажам дека инфекцијата во градинките не се шири меѓу дечињата. Тоа го докажуваат здравствените власти врз основа на извештаите. Инфекцијата во градинките доаѓа од надвор. Показател за тоа е поголемиот број на позитивни возрасни коишто се вработени во градинките“, рече Шахпаска на денешната прес-конфернеција.

Градинките започнаа со работа на 9 септември со строги здравствени протокли. На вработените и на децата им се мери температура при влезот во установата, а вработените се должни во текот на целиот работен ден да носат маски. Дезинфекција на масите, столовите, кваките се врши на секои два часа.

Share

Website https://4anime.biz: Watch Zoids Wild (Dub) 4anime Episode 50 4anime hunter x hunter

Watch Noobow: Na Kokoro Episode 26 - 52

Website https://animeheaven.pro: Watch Dragon Ball Z: Cooler's Revenge animeheaven Episode Full anime heaven site

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Tapas: https://tapas.io/gogoanimebe

Gogoanimelol peatix: https://gogoanimelol.peatix.com/

Scroll to Top