Ѓорчев: Бројот на починати од корона во Скопје е речиси ист со оној од скопскиот земјотрес

пред 3 години

Македонија ги живее најтажните и најцрните моменти од своето постоење како држава. Македонија денеска има 3.200 починати од коронавирус, изјави на прес-конференција, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека во Скопје веќе има 1.020 починати луѓе, што е речиси колку за време на скопскиот земјотрес. Понатаму, Битола 156 мртви, Охрид 138 починати, Прилеп 264 мртви од корона, Велес 112, Штип речиси 100, во Струмица 115, Кочани 50, Куманово 213 починати.

„Ова не се само бројки, ова се семејства, ова се луѓе, ова се судбини. Ова се црните и катастрофалните бројки од неспобноста на Зоран Заев, Венко Филипче и нивните министри. Време е за одговорност и време е за оставка“, изјави Ѓорчев.

Share
Scroll to Top