Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

пред 4 недели

Универзална сала и градот Скопје објавуваат јавен повик за програмски активности за манифестацијата „Бела ноќ 2022“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Оваа година ќе се одржи 18-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.

За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

Овогодинешното издание на “Бела ноќ“ ќе се одржи на 1 октомври 2022 на повеќе централни локации низ градот Скопје.

На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области:

▪ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)

▪ ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)

▪ МУЗИКА

▪ ФИЛМ

▪ ТЕАТАР

▪ ЈАВНА УМЕТНОСТ

▪ УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ

Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.

За учество во „Бела ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:

▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата

▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација

▪ Финансиска конструкција на проектот

За подетални информации за Јавниот повик : Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библ. Браќа Миладиновци ) http://univerzalna.com.mk/belanok, [email protected] или на телефонскиот број 02 32 45 615.

Крајниот рок на аплицирање е 25.07.2022 година.

Share

sunwin

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin game sunwin sunwin club

tải sunwin apk tải sunwin sunwin apk

Scroll to Top