Српската православна црква на својата веб-страница официјално објави дека на 19 мај, во соборниот храм Свети Сава во Белград, српскиот патријарх Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан ќе служат литургија на помирување, „со која ќе се воспостави литургиско и канонско причестување на двете сестрински цркви со одлука на Собранието на СПЦ“, се вели во официјалното соопштение од СПЦ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Литургијата, како што пренесуваат и српските медиуми ќе започне во девет часот, а ќе служат сите архиереи на двете цркви.
Според написите, Патријархот Порфириј ги повикал верниците во што поголем број да присуствуваат на архиерејската литургија.
Соборот на СПЦ вчера соопшти дека прифаќа статус на најширока можна автономија за Македонската православна црква, односно целосна внатрешна самостојност која ѝ е доделена уште во 1959 година.