Полицискиот час се укинува вечерва на полноќ

пред 3 години

Забраната за движење се укинува вечерва на полноќ, соопшти Владата.

„Одлуката од денешната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ“, се наведува во појаснувањето на одлуката.

Одлуката ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата од денешната седница стапуваат во сила во 00:00 часот.

Share
Scroll to Top