Полицијата изрече 141 казна за возење под дејство на алкохол

пред 3 години

Во текот на изминатото деноноќие (13-14 ноември) полицијата спровела зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава.

Како што информираат од МВР, при тоа санкционирани биле 141 возач.

Од нив, 34 на територијата на СВР Скопје, 25 на територијата на СВР Битола, 20 на територија на СВР Тетово…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top