Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола, извести АМСМ

Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола, извести АМСМ

пред 3 години

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола и 200 метри во Македонски Брод.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола, извести АМСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top