Првата група од 149 граѓани од Авганистан доцна синоќа пристигна во Македонија.
Бегалците, преку Грузија, пристигна на скопскиот аеродром.
Првиот патник што се симна од авионот беше трудница во 39-тата недела од бременоста која со возило на Итна медицинска помош е однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.
Бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од првичните 650 се искачи на 780. Тие ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.