Приведен крадец во скопски Чаир, расчистени неколку кривични дела

пред 3 години

Полицијата синоќа привела 31-годишен скопјанец поради неколку кражби во Чаир.

Приведениот М.Ф.(31) се сомничи дека извршил една тешка кражба од сендвичарница, при што одзел пари,  две кривични дела “тешка кражба“ во обид, како и две кривични дела „оштетување на туѓи предмети“.

По целосно документирање на случајот против него ќе следи кривична пријава.

Share
Scroll to Top