Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 23 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град.
Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.