Осумнаесетгодишен Романец се сомничи дека измамил 77-годишна скопјанка.
„Според пријавеното, тој се претставил како бизнисмен од странска земја и нудел предмети на продажба, а притоа барал да му се плати во злато. Со Л.Г. бил извршен службен разговор во присуство на Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.