Рот: Бугарија e осамена во ветото

пред 4 години

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, денеска истакна дека запирањето на напредокот на Северна Македонија кон е ЕУ е тешка политичка грешка, и рече дека Бугарија e осамена во ветото.

Рот истакна дека останатите 26 членки не се согласиле со бугарските билатерални барања.

Тој е загрижен дека ветото може да предизвика проблеми во безбедноста во регионот и во Европа, но се надева дека прашањето набрзо ќе биде решено.

„Европската Комисија предложи преговарачка рамка, прашањето е кога, а не дали таа ќе биде усвоена. Би сакал да испратам оптимизам и прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат“, рече Рот на прес-конференцијата.

Рот изрази увереност дека во следните месеци за време на португалското претседателство ќе се најде решение за Северна Македонија.

Бугарија денеска на состанокот на Советот на министри во Брисел го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија. Од македонската Влада велат дека националниот идентитет не бил, и не е возможно е да биде предмет на преговори, а потегот на Бугарија го оценуваат како неодговорна и тешка геостратешка грешка.

Share
Scroll to Top