Скопската градоначалничка Данела Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра на 109 вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, но не планира да даде пари за граѓаните на Скопје да не плаќаат поскапо парно, обвини денеска координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
„Арсовска тврди дека Град Скопје нема пари да се вклучи во субвенционирањето на цената на топловодна енергија. За оваа мерка Владата ќе покрие 80 отсто од разликата меѓу реалната и актуелната цена на парното греење, а останатите 20 отсто треба да ги покрие Град Скопје заедно со општините“, посочи Јанчева додавајќи oти ова е факт кој покажува дека градоначалничката не работи за интересите на граѓаните иако е избрана токму за да решава вакви проблеми.