Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, во рок од 24 часа да покаже документ, дозвола, платени комуналии во врска со градењето, реновирањето, доградбата на семејната зграда, а во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, рече дека семејната зграда којашто ја гради Петре Шилегов е во урбанистичка четврт за која што нема валидна основа за толкава градба, цели два ката над дозволеното.
„Шилегов со урбанистичкото дивеење го обезвреднува имотот на своите соседи, но и чесната работа на чесните градители! Доколку Шилегов за 24 часа не покаже дозвола за градба, за реновирање или за надградба, соодветна на делото, одговорност мора да понесе општина Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам, кој што е надреден врз општинскиот молк. Не смее да се дозволи вакво узурпирање на моќ, ваква злоупотреба, вакво дивеење и насилство од еден градоначалник на Скопје, па било тоа и да е Петре Шилегов!“, рече Стоилковски.