Унгарија ќе донира вакцини за потребите на МВР

пред 3 години

Утре, во работна посета на нашата земја ќе претстојува Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Во рамките на еднодневната работа посета на министерот Сијарто, од негова страна ќе биде предадена и донација на вакцини наменета за потребите на македонското министерство за внатрешни работи, информираат од министерството за надворешни работи.

Високиот гостин од Унгарија и пратката со вакцини на македонскиот аеродром ќе биде пречекана од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Share
Scroll to Top