Учество на началникот на Генералштабот на редовното заседание на Воениот комитет на НАТО

пред 3 месеци

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес во седиштето на НАТО во Брисел учествува на првото овогодишно редовно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови на Армиите на земјите членки на Алијансата.

За време на состанокот на највисокото воено советодавно тело на Алијансата, началниците на Генералштабовите на Армиите на 30-те земји членки ќе разговараат за повеќе актуелни теми, кои се однесуваат на одбранбените политики и мировните операции предводени од НАТО, концептот за понатамошно дејствување на Алијансата како и дискусија за сегашните, идните предизвици и научените лекции поврзани со пандемијата предизвикана од „Ковид- 19“.

По завршување на конференцијата на која учествуваат и Врховните команданти на сојузничките сили во Европа и на сојузничките сили за трансформација, од страна на претседавачот на ВК, воздухопловниот маршал, Сер Стјуарт Пич ќе се соопштат донесените заклучоци.

По нашето членство во НАТО, генералот Ѓурчиновски учествува на заседанијата на ВК на сите сесии со полно право во процесот на одлучување и донесување на заклучоци, кои се од значење за развојот на Армијата на Република Северна Македонија за целосна интеграција во сите сегменти на НАТО.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови два пати годишно ги одржува своите редовни состаноци, а денешната е 185-та редовна конференција која се одржува со сите предвидени мерки за заштита од „Ковид 19“.

Share

AnimeHeaven animehaven: Watch Spirit Chronicles Episode Preview

AniWatch watch anime free: Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12

Scroll to Top