Филипче: „Систина“ одби, а Жан Митрев изрази подготвеност да ги намали цените

пред 2 недели

„Аџибадем Систина“ отстапи петмина лекари и на тој начин ќе го помогне јавното здравство, но нема да ги намали цените за лекување на ковид-пациенти оти тоа немало економска логика.

Двајца лекари на јавното здравство ќе отстапи клиниката „Ремедика“ , еден „Жан Митрев“, а Клиниката „Жан Митрев“ најавува и намалување на високите цени за лекување на болните од Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека се веќе договорени намалувањето на цените и отстапувањето на лекарите

„Вчера имав состанок со медицинските директори на трите приватни болници, на ‘Ремедика’ каде не се лечат ковид-пациенти, на ‘Жан Митрев’ и ‘Систина’. Најпрво зборувавме за кадарот. Веќе од утре треба да ни биде на располагање, а тоа се пет лекари од ‘Систина’, двајца од болницата ‘Ремедика’ и веројатно еден од ‘Жан Митрев’, иако првичната најава беше дека се голем број од здравствениот кадар на боледување, дека ќе можат да пренасочат еден лекар да биде на располагање. Втората тема на разговорот беа цените. Иако апелирав тоа да се направи бидејќи е криза, бидејќи е пандемија, бидејќи е специфично прашање насекаде во светот, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ‘Систина’ јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат бидејќи немале економска логика“, рече министерот Филипче.

Министерствто за здрасвтсво, според министерот Филипче, формално-правно нема никаков механизам за корекција на цените во приватините клини.

Share
Scroll to Top