Дваесет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата Воден, во близина на бензинска пумпа во Битола, кај „Краварски пат“.
Во несреќата учествувале автомобил „ауди А7“ и автобус со ресенски регистарски ознаки, при што удриле во паркирано влечно возило.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од с.Избишта, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.